23/11/2024
Македонија

МВР транспарентно и отчетно пред јавноста

Согласно насоките на Владата на Република Македонија, за макисимална транспарентност и отчетност во работата на сите владини институции, а коишто произлегуваат од Одлуката од 34-та седница на Владата со која, меѓу другото, институциите се задолжуваат јавно, преку официјалните веб страници, да публикуваат 21 документ, односно области на работа за кои се надлежни, со сите податоци важни за јавноста (контакти, нормативи, услуги, и друго), Министерството за внатрешни работи на својата веб страница веќе ги ажурираше бараните и за граѓаните и јавноста корисни податоци од работењето на министерството.

Во овој момент од 21-от баран документ дополнително ќе биде ажуриран извештајот за реализацијата на Буџетот на МВР. Информациите околу систематизацијата на работните места и внатрешната организација, согласно Законот за класифицирани информации имаат одреден степен на класифицираност, додека пак за ревизорскиот извештај и планот за јавни набавки не постои обврска за нивно објавување. Инаку, за прв пат МВР ги ажурира податоците околу Буџет, Правилникот за заштитено внатрешно пријавување, контакт од лице овластено за заштитено внатрешно пријавување, име и презиме на офицерот за заштита на лични податоци (позиција во институцијата, службен е-маил и службен телефон)

Во продолжение е прилогот на ажурирани докуметни достапни на веб страната на Министерството за внатрешни работи:

ДОКУМЕНТИ

ЛИНК

1

Стратешки план на министерствата и другите органи на државната управа

Стратешки план

2

Буџет

Буџет

3

Усвоени извештаи за реализација на Буџетот

Ќе биде објавено дополнително

4

Ревизорски извештаи

Нема обврска за објавување

5

План за јавни набавки, со сите измени и дополнувања

Нема обврска за објавување

6

Правилник за внатрешна организација

Класифицирана информација

7

Органограм за внатрешна организација

Органограм

8

Правилник за систематизација на работните места

Класифицирана информација

9

Список на лица вработени во институцијата со позиција, службен е-маил и службен телефон

Портпароли на СВР

Сектори за внатрешни работи и ПС

10

Консолидирани текстови од закони и подзаконски акти во надлежност на секое министерство

Закони и подзаконски акти

11

Обрасци што ги користат граѓаните при доставување на поднесоци до министерствата за остварување на нивните права, а особено обрасци на барања од граѓаните за издавање на реални акти, за оние министерства коишто ги издаваат

Управни работи (обрасци)

12

Тарифници за надоместоци за издавање на реални акти

Поединечно надоместоците се застапени во секоја од ажурираните услуги за граѓаните за кои што се однесуваат истите

13

Листа на информации од јавен карактер

Листа на информации од јавенкарактер

14

Контакт од лице задолжено за информации од јавен карактер

Контакт од лице задолжено за информации од јавенкарактер

15

Правилник за заштитено внатрешно пријавување

Правилник за заштитено внатрешно пријавување

16

Контакт од лице овластено за заштитено внатрешно пријавување

Контакт од лице овластено за заштитено внатрешно пријавување

17

Име и презиме на офицерот за заштита на лични податоци, позиција во институцијата, службен е-маил и службен телефон

Офицер за заштита на лични податоци

18

Контакт телефон и е-маил од министерството за генерални прашања

тел: +389 (0)2 3 117 222

kontakt@moi.gov.mk

mvrjavnost@gmail.com (контакт меил за новинари)

19

Листа на активни регистри што ги водат министерствата, во зависност од надлежноста

Не продуцираме

20

Биографии од Министерот, Заменик министерот и Државниот секретар

Биографија министер

Биографија заменик министер

Биографија државен секретар

21

Најава на месечни настани или онлајн календар

Вести, соопштенија и најави