МЗШВ: Финални подготовки за објавување на тендерот за втора фаза на Програмата за наводнување во Јужната вардарска долина
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски имаше работна средба со директорот на германската кредитна банка „KfW“ за Косово и Македонија, Рене Ешеман.На состанокот се разговараше за подготовките за објавување на тендерската документација за изведба на градежните работи на системот за наводнување во Јужната вардарска долина во делот на Валандово.Министерот Николовски и директорот Ешеман, ги разгледаа сите подо подобрувања и можни пречки во реализацијата на проектот, со цел ефикасно спроведување на постапката, а потоа и изведба на работите.
Тендерската документација е изработена согласно новите правила за тендерирање на „KfW“, и ги содржи сите карактеристики на меѓународен тендер. Сите воочени недостатоци од предходниот поништен тендер се корегирани, исто така корегирани се и техничките спецификации со цел да се овозможи транспарентност во понудите и можност за поголема конкурентност. Истата е пратена пред две недели на одобрување. Од страна на МЗШВ е одговорено на дополнителните прашања поврзани со приклучување на пумпната станица Страиште во тендерската документација. Исто така одговорено е и на барањето за пренос на инфраструктурата на Земјоделските задруги, дека истата ќе биде во согласност со процедурите запазени за Земјоделски задруги од првaта фаза, чиј трансфер беше направен во месец јануари. Со цел зајакнување на капацитетите на АД Водостопанство за управување со системот (АД ќе управува со главната пумпна станица Удово, главниот цевковод, препумпните станици и пумпната станица Страиште), во тек е оглас за вработување на оператори кои ќе бидат вклучени во процесот на градење и тренирани за оперирање на системот.
Минатата година германската банка „KfW“ на МЗШВ му одобри дополнителни 4 милиони евра грант за реализација на втората фаза од Проектот за наводнување на Јужната вардарска долина. Оваа Програма е од витално значење за македонското земјоделство. Основната цел на Програмата, е да се подобрат условите за живот на населението во јужната долина на реката Вардар, преку оддржливо управување со природните ресурси и трајно да се реши проблемот со наводнување на обработливите земјоделски површини во регионите што ги опфаќа Програмата.