На 324 лица им се издадени решенија за изолација, 88 лица потпишале изјави за самоизолација
Во текот на изминатото деноноќие (14/15.06.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија на 324 лица им се издадени решенија за изолација, а 88 лица потпишале изјави за самоизолација.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што констатирано е дека едно лице не ја почитувало мерката за самоизолација.
Исто така по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 620 прекршоци.