На 336 лица им се издадени решенија за изолација, 633 лица не носеле маски
Во текот на изминатото деноноќие (16/17.06.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија на 336 лица им се издадени решенија за изолација, а 175 лица потпишале изјави за самоизолација.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што евидентирани се четири лица кои не ја почитувале мерката за изолација.
Исто така по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 633 прекршоци.