26/11/2024
Македонија

На 366 лица им се издадени решенија за изолација, 659 лица не носеле маски

Во текот на изминатото деноноќие (19/20.06.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија на 366 лица им се издадени решенија за изолација, а 261 лице потпишало изјава за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека едно лице не ја почитувало мерката за изолација, а три лица не ја почитувале мерката за самоизолација.

Исто така по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 659 прекршоци.