14/05/2025
ОхридСпорт

На 7-ми мај во Охрид ќе се одржи хуманитарна трка „Од срце трчај, со срце дарувај за Кочани“

На 07.05.2025 во 12 часот СОСУ “Св.Кирил и Методиј”-Охрид во соработка со ЈП “Билјанини извори”-Охрид организира хуманитарна трка “Од срце трчај со срце дарувај за Кочани”.

Трката ќе се одвива на потегот од почетокот на кејот пред „Харбор“ до „Куба Либре“, со должина од 3 км. Средствата ќе бидат наменети за семејствата на жртвите од пожарот во Кочани. Трката ќе биде во категории ученици, наставници и родители.

Програмата ќе започне во 11.00 часот со кратка програма и загревање на учесниците. Кутии за донации ќе бидат поставени во должина на Кејот Македонија.

Ги покануваме заинтересираните да се пријават БЕСПЛАТНО на следниот линк

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSeCQgmy_etwTYmuu9UxVMnyRJ6qoytzoCpw72D-nml0Txp28A/viewform?usp=header

 Или во просториите на училиштето.

Подигнување на стартни броеви на ден 5.5.2025 и 6.5.2025 год. од 8.00 часот до 17:00 часот во училишниот двор на СОСУ „Св.Кирил и Методиј“ Охрид.

Време на реализација 11:00 – 14:00 часот (07.05.2025).

11:00 – 11:30 Отворање на настанот и пристигнување на учесниците

11:30-11:45 Показна вежба на тимот за прва помош при СОСУ,,Св.Кирил и Методиј“ Охрид

11:50 Загревање на учесниците

12:00 Старт

13:00 Доделување на награди


25.04.2025 / СОСУ „Св.Кирил и Методиј“ Охрид