На аеродромот во Охрид ТАВ Македонија го пречека првиот лет на Edelweiss од Цирих
ТАВ Македонија денеска, на 6-ти април во 18:35 часот, на аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид со воден топ во форма на виножито и торта ги пречека 174-те патници кои пристигнаа од Цирих, најголемиот град во Швајцарија, со авионот Ербас 320 на Edelweiss. Во 19:25 часот, или 50 минути подоцна, авионот полета од охридскиот аеродром Св. Апостол Павле назад кон Цирих со 102 патници во авионот.
На оваа директна линија ќе оперира авиокомпанијата Edelweiss, водечка туристичка авиокомпанија во Швајцарија, со база на аеродромот во Цирих. Како сестринска компанија на Swiss International Air Lines и член на Групацијата Луфтханза, Edelweiss лета до 70 дестинации во 32 земји ширум светот, а со воведувањето на линијата Цирих-Охрид-Цирих, патниците можат да изберат меѓу патување до градот, службено патување, патување за посета на културни знаменитости или одмор на плажа, бидејќи и двете дестинации, Охрид и Цирих имаат многу атракции и места кои патниците може да ги посетат.
Во текот на целата летна сезона, односно од 6 април до 26 октомври, летовите на Edelweiss на линијата Цирих – Охрид – Цирих ќе оперираат со една фреквенција неделно, во сабота со пристигнување во 18:35 часот, а заминување во 19:25 часот. Сепак, дополнителната корист е тоа што во текот на најфреквентниот период од летната сезона или во периодот од 15 јули до 20 август, Edelweiss ќе додаде уште 2 неделни фреквенции на оваа линија, односно во понеделник со пристигнување во 00:25 часот, а заминување во 04:40 часот и во вторник со пристигнување во 18:05 часот, а заминување во 18: 55 часот.
– Денес со задоволство го објавуваме додавањето на Edelweiss како уште една авиокомпанија која почна со работа од Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид и среќни сме што го пречекуваме нивниот прв лет од Цирих до Охрид – бисерот на Балканот. ТАВ Македонија со својата стратегија за работење и управување секогаш се стреми да им посака добредојде на новите авиокомпании кои почнуваат со работа од двата аеродроми, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, заедно со подобрувањето и проширувањето на целокупниот воздухопловен пазар во нашата земја. Силно веруваме дека Edelweiss како авиокомпанија која обезбедува швајцарски квалитет, кој е синоним за висок квалитет, заедно со нивната флота и мрежа на дестинации кои постојано се зголемуваат, усогласени со нашите аеродромски услуги ориентирани кон корисниците, ќе биде одлична комбинација за незаборавни патувања за нашите ценети патници, изјави Алпер Ерсој, генерален директор на ТАВ Македонија.
Авионските билети за линијата Цирих-Охрид-Цирих се продаваат преку веб-страницата на Edelweiss: www.flyedelweiss.com
Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид има пет редовни дестинации преку целата година, Виена, Базел, Цирих, Малме и Милано и осум сезонски дестинации до: Амстердам, Брисел, Тел Авив, Варшава, Катовице, Истанбул, Ајндховен и Талин, опслужувани од 11 авиокомпании.
ТАВ Македонија како аеродромски оператор на двата македонски аеродрома, продолжува со порастот во бројот на патници. Имено, во текот на јануари и февруари 2019 година, вкупно 305.246 патници (7% годишен пораст), патувале преку двата македонски аеродрома – Меѓународен Аеродром Скопје и Аеродром Св. Апостол Павле Охрид.
ТАВ Македонија ја заврши 2018 година со вкупно 2,3 милиони патници на двата аеродрома, со 16% годишен пораст, и со 19.750 летови, односно 9% годишен пораст.