18/09/2024
Охрид

На една страна Ohrid Calling, а на друга страна кај Косел гори

Вака изгледа Охрид вечерва после полноќ. Додека младите се забавуваат на Ohrid Calling, надлежните мака мачат со пожарот кај Косел.

И покрај напорите и многуте интервенции на трите ер-тактори во текот на вчерашниот ден, пожарот во атарот на селото Косел не стивнува, а дека работата е многу сериозна укажува фактот дека пламените јазици се гледаат од Охрид.

Инаку, синоќа градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков одржа состанок со Штабот за заштита и спасување при Општина Охрид во проширен состав согласно кризната состојба настаната од пожарите кои се активни на територија на Општина Охрид.

Беше нагласено дека во текот на денешниот ден на помош се вклучуваат и општинските јавни препријатија со луѓе, механизација и логистика, кои заедно со сите останати институции во организирана акција ќе се пристапи кон справување со пожарите. Исто така, согласно потребите се ставени на располагање авионите за гасење пожар.

Градоначалникот упати апел до сите оние кои се чувствуваат подготвени да помогнат во справувањето со огнената стихија, рано утрово во 4:30 часот соодветно опремени да бидат во кругот на Територијалната против пожарна едница – Охрид, каде заедно со претставниците на институциите координирано ќе се упатат кон критичните точки за гасење на пожарите.


WebOhrid / 03.08.2024