На гласачките места покриени од МОСТ не се забележани неправилности
Според потврдените информации добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ, на гласачките места покриени од МОСТ не се забележани неправилности.
Според податоците добиени од ПВТ програмата (паралелно сумирање на гласовите), која претставува математичко-статистички научен метод, одѕивот на гласачите по изборни единици е следниот:
ИЕ 1 – до 11 часот 17,62%, до 12 часот 22,82%, до 13 часот 27,58%, до 14 часот 32,02%
ИЕ 2 – до 11 часот 15,09%, до 12 часот 19,79%, до 13 часот 24,00%, до 14 часот 27,79%
ИЕ 3 – до 11 часот 19,41%, до 12 часот 24,78%, до 13 часот 29,41%, до 14 часот 33,74%
ИЕ 4 – до 11 часот 18,74%, до 12 часот 24,24%, до 13 часот 29,16%, до 14 часот 33,73%
ИЕ 5 – до 11 часот 15,81%, до 12 часот 20,49%, до 13 часот 24,98%, до 14 часот 29,11%
ИЕ 6 – до 11 часот 8,97%, до 12 часот 12,72%, до 13 часот 16,62%, до 14 часот 20,72%
Следната прес-конференција ќе се одржи во 19 часот.
# # # # #
Проектот „Домашно набљудување на предвремените парламентарни избори 2020“ е поддржан од: Британска амбасада Скопје, Амбасадата на Кралството Холандија и Швајцарската агенција за развој и соработка.
Ставовите во ова соопштение се одговорност на МОСТ и не ги одразуваат секогаш ставовите на поддржувачите на проектот.
За дополнителни информации: Граѓанска асоцијација МОСТ тел. 02/ 30 99 384