23/11/2024
Македонија

На репертоарот на Албанскиот театар вечерва е претставата „Жените“

На репертоарот на Албанскиот театар вечерва со почеток во 20 часот е претставата „Жените“ од францускиот автор Роберт Томас, во режија на Ќендрим Ријани. Претставата, која премиерно се прикажа на 26 декември минатата година, ќе се изведе на сцената на Театар Комедија …

Улогите во ова драмско дело ги толкуваат: Теута Ајдини Јегени, Дрита Каба Карага, Амернис Нокшиќи-Јовановска, Вјолца Бектеши Хамити, Аида Алидеми, Зарије Јонузи Челику, Мирлинда Саити, Аида Елези.Сценографијата е дело на Петрит Бакали,костимите на Марија Пупучевска, а музиката на композиторот Фатос Лумани.

„Љубовта, омразата, неверството, сексуалноста, инцестот и дузина проблеми на жената се вртлогот на ова дело, а самата негова оска е слободата на жената во најширока смисла. Пред сѐ слободата да се биде еднаква, слободата да одлучува самостојно, а како последица на ова да се постави дебата за достоинството на жената“, нагласуваат од Албанскиот театар во најавата за претставата.
Цена на влезниците за претставата е 150 денари.