„На секое дете му треба шампион“ -мрежен настан на повеќе училишта во ОУ „Григор Прличев“
Во ОУ „ Григор Прличев“ – Охрид утре 09.02.2018 ( петок), со почеток во 12:30 часот, ќе се одржи мрежен настан, во кој покрај ова училиште се вклучени училиштата: ОУ „Блаже Конески“ –Прилеп, ОУ „Манчу Матак“ –Кривогаштани и ОУ „Наим Фрашери“ –Кичево.
Настанот е во организација на Фондацијата „Чекор по чекор“ и Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“.
На овој мрежен настан заедниците за учење од овие четири училишта ќе имаат можност да презентираат дел од стекнатите знаења и на тој начин да ги доближат позитивните ефекти од овој проект. Ќе биде презентирано видеото „На секое дете му треба шампион“, а главната цел е формирање на суперхеројски тимови кои ќе се справат со опасноста/предизвикот. Училишните координатори ќе зададат предизвици на групите: за инклузија, за професионален развој, како и за предметно-часовна настава.