Нацрт извештај за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за локална урбанистичка планска документација за намена Е2 – комунална супраструктура за изградба на претоварна станица за комунален отпад
Врз основа на чл.69 од Законот за животна средина (Службен весник на Р.М. бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 51/11, 123/12 и 93/13, 42/14, 44/15 и 129/15) и Уредбата за учество на јавноста во текот на изработка на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина (Службен весник на Р.М. бр. 147/08), Градоначалникот на Општина Охрид
О Р Г А Н И З И Р А
- Јавна презентација и јавна расправа по Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за Локална урбанистичка планска документација за намена Е2 – комунална супраструктура за изградба на претоварна станица за комунален отпад на дел од КП бр. 1219/1 КО Долно Лакочереј – вон град , општина Охрид
Се информира јавноста дека ставен е на увид и јавна расправа, Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за Локална урбанистичка планска документација за намена Е2 – комунална супраструктура за изградба на претоварна станица за комунален отпад на дел од КП бр. 1219/1 КО Долно Лакочереј – вон град , општина Охрид - Извештајот за Стратегиска оцена на влијанието на животната средина е изложен во Одделението за заштита и влијание врз животната средина во Општина Охрид секој работен ден од 8 – 16 часот почнувајќи од 26.01.2021год. до 24.02.2021год. како и на web страната на општина Охрид , www.ohrid.gov.mk
- Јавната презентација и јавната расправа ќе се одржи на ден 16.02.2021 год. во големата сала на општина Охрид, со почеток во 12 часот , со задолжително носење маски и пропишана дистанца согласно протоколите за заштита од Ковид 1
- Правните и физичките лица и јавноста можат да го достават своето мислење во врска со Извештајот до Општина Охрид во рок од 30 дена од денот на објавување на оваа информација.Сите заинтересирани страни се поканети да учествуваат на јавната расправа и да го дадат своето мислење, забелешки и предлози по нацрт извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина и истите можете да ги испраќате на е-маил : zivotna sredina@ohrid.gov.mk, или по пошта на следната адреса Општина Охрид , ул. Димитар Влахов бр.57 Охрид.