22/11/2024
Македонија

Над 200 казнети возачи во Скопје: брзо возење, алкохол…

На 27.07..2019 година (сабота) во периодот од 06.00 до 24.00 часот Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи спроведе контрола на брзина на движење на моторни возила. Од извршената контрола од страна на полициски службеници утврдено е дека 37 возачи ја пречекориле брзината во населено место. Откриени се и 71 останати прекршоци.

На 27.07 во периодот од 21.00 до 24.00 часот беше спроведена контрола за прекршоци што ги чинат возачи на мотори ,при што беа откриени и санкционирани 26 прекршоци. Покрај то, констатирани се уште 43 останати прекршоци.

На 28.07.2019 (недела) во периодот од 00.00до 05.00 часот беше спроведена контрола за откривање возачи кои управуваат под дејство на алкохол, при што од страна на полициските службеници кај 13 беше утврдено присуство на алкохол. Откриени се и 37 останати прекршоци.