Нагледен час по физичко и здравствено образование за петоодделенците во ОУ „Григор Прличев“
Учениците при ОУ „Григор Прличев“ од Охрид, V 1 и V 2 одделение со учителките Биљана Иваноска и Валентина Трпческа имаа можност да реализираат нагледен час по физичко и здравствено образование во соработка со мастерите по таеквондо: Ја Сун Хванг и Да Хун Џонг.
„Во овој период по предметот физичко и здравствено образование се става акцент на вежбите за оформување на телото и мускулатурата. На нагледниот час учениците покрај вежби за загревање имаа можност да научат и основни движења за одбрана. Мастерот по таеквондо Да Хун Џонг доаѓа од Сеул и ова беше извонредна прилика за нашите ученици.
Учениците со внимание ги следеа насоките на мастерите, со големо задоволство ги исполнуваа зададените задачи и го научија најважното правило –вештините на таеквондото служат за одбрана. Часот им беше можне интересен на учениците, заврши со игра и порака: во здраво тело здрав дух.“- информираат од ОУ „Григор Прличев“.