Награда за градоначалникот Ногачески за најдобри практики за заштита на животната средина
Меѓународниот земјоделски саем во Нови Сад е еден од најпрестижните агробизнис настани во Европа. На саемот секоја година се номинираат и доделуваат награди во повеќе категории.
На 86 Меѓународен земјоделски саем, кој се одржува од 11-17 Мај, општина Дебрца преставувана од градоначалникот Зоран Ногачески, беше номинирана во категоријата-најдобри во спроведување на системот за заштита на животната средина и екологијата и по оценка на комисијата за оценка на номинациите ја доби првата награда.
„Во номинацијата и образложението на наградата посебно се потенцирани нашите заложби во изминатата година за зачувување на чиста животна средина во Дебрца, а пред се нашите заложби и напори да докажеме дека решението за изградба на регионална депонија во општина Дебрца е неприфатливо, и од аспект на изборот на локацијата, во чиста и недопрена природна средина и од аспект на избраната технологија на управување со отпад, која не кореспондира со современите технологии во светот, беа ценети нашите напори да ги покажеме искуствата на развиените земји во оваа област, нашите еколошки акции за здрава и чиста животна средина, набавката на механизацијата за обезбедување на квалитетно и одржливо вршење на комуналните дејности, изработката на Локалниот еколошки акционен план – ЛЕАПОТ, како стратешки еколошки документ.
Секако, тоа не значи дека сме ја оствариле зацртаната цел. Треба уште многу работа, отстранување на многу отпад и депонии, јакнење на јавната свест и други еколошки активности и акции, за да дојдеме до посакуваната цел, Дебрца да прерасне во здрава животна и природна средина и атрактивна еко туристичка дестинација.
А оваа награда треба да ни биде уште еден поттик повеќе за тоа.
Присуството на Саемот беше и своевидна меѓународна презентација и афирмација на општината. За Славна Дебрца се слушна и на еден ваков престижен настан и пред ваков аудиториум.
Ќе се согласите и тоа е успех.
На Саемот остварив средба и со г-динот Драган Ралиќ, Менаџер во Службата за оценка на квалитетот, со кого разговаравме за можностите за идна соработка.
Крајно, оваа награда не е само моја, оваа награда Ви припаѓа на сите Вас, граѓаните на општина Дебрца.“ – изјави градоначалникот Ногачески по доделување на наградата.