Награден ученички литературен конкурс за најдобра поетска творба
По повод 8-ми Декември – Св.Климент Охридски – Патрон на градот, Општина Охрид распишува:
НАГРАДЕН УЧЕНИЧКИ ЛИТЕРАТУРЕН КОНКУРС ЗА НАЈДОБРА ПОЕТСКА ТВОРБА
Темата на Конкурсот треба да се однесува на Охрид и животот и дејноста на Свети Климент Охридски
По овој Конкурс, Општина Охрид ќе додели три први награди за најдобра поетска творба во три различни категории:
I За ученици од одделенска настава (од прво до петто одделение);
II За ученици од предметна настава(од шесто до деветто одделение);
III За ученици во средно образование (од прва до четврта година).
- Износот на наградата за првата категорија е 2.000,оо денари;
- Износот на наградата за втората категорија е 3.000,оо денари;
- Износот на наградата за третата категорија е 4.000,оо денари.
Изборот на најдобрите поетски творби ќе го направи тричлена жири – комисија, формирана од градоначалникот на Општина Охрид.
Право на учество на овој Конкурс имаат сите редовни ученици од основните и средните училишта на подрачјето на Општина Охрид.
Творбите, во три примероци, во затворен плик, под шифра, најдоцна до 30.11.2022 година, треба да се доставуваат на следната адреса: Општина Охрид, – ул.”Димитар Влахов“бр.57(со назнака : За Конкурсот за наградени творби и со наведена категорија за која се конкурира).
- Творбите пристигнати по наведениот датум нема да се разгледуваат.
- Авторството се докажува со четвртиот примерок.
Наградите ќе бидат врачени на една од свеченостите организирани по повод 8-ми Декември – Свети Климент Охридски – Патронот на Охрид.
WebOhrid / 07.11.2022 / Општина Охрид