26/11/2024
Охрид

Наградени ученици од Охрид на „52 Детски Рацинови средби“

Охридските ученици вљубеници на убавиот пишан збор со пофалници на 52 Детски Рацинови средби во организација на Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ и општина Велес.

Во конкуренција на ученици од сите основни и средни училишта од Македонија за конкурсот на тема „Белите мугри во светлината на денот“ пофалници добија Николче Ангеловски од ОУТУ „Ванчо Питошески“ под менсторство на професорот по македонски јазик и литература, Перчо Божиновски и Сара Петковска од ОУ „Кочо Рацин“ по менторство на професорката по македонски јазик и литература, Наташа Неданоска.

Во рамките на „52 Детски Рацинови средби“ со свечено отворање во Градската библиотека „Гоце Делчев” во Велес учениците учествуваа на поетска работилница, оддавање почит кон Рацин пред двата негови споменика, традиционална поетска средба во „Сокачето на поезијата“ пред родната спомен-куќа на Рацин и посета на ликовната колонија во куќата на Рацин.

Детските Рацинови средби се посебен празник на душата, а учениците и нивните ментори вистински вљубеници и почитувачи на Рациновиот лик и дело.

Честитки за нашите млади поети кои ги нижат наградите на литературните конкурси.