Најава за нестабилно време во западниот дел од Македонија
Нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи, понекаде и со појава на засилен ветер во моментов има на западната страна од земјата, во Македонски Брод, Кичево и во регионот кон Струга.
Нестабилност има и во јужните планински делови од земјава од каде делумно преминува кон јужните делови на Пелагонија.
Изолирана нестабилност со послаб интензитет има и во источните делови од земјава. Движењето на процесите е слабо кон југозапад.