Најава за обилен дожд, грмежи, силен ветер и заладување за време на викендот
Од УХМР известуваат дека од сабота до понеделник нашето подрачје ќе се наоѓа под изразита циклонска активност со чести продори на влажни бранови. Времето ќе биде претежно облачно со пообилни врнежи од дожд (над 30 л/м2), особено во сабота кога наместа ќе бидат поројни, проследени со грмежи и силен ветер (над 80км на час). Температурата значително ќе се намали.
Центарот за управување со кризи преку своите РЦУК навремено ги извести локалните самоуправи за .да се зголеми будноста и да се преземат мерки и активности со цел подготвени ја дочекаат најавената промена на времето проследена со обилни врнежи и силен ветер.