30/11/2024
Дебрца

Најавен протест и блокада на каменоломот во Климештани

„Драги Климештанци, драги сограѓани, македонски народе, ве повикуваме оваа сабота на 30.11.2024 да ни се приклучите на протестот и блокадата на каменоломот во Климештани!

Нашите барања кон фирмата која го управува овој каменолом НЕ СЕ ИСПОЛНЕТИ!

Сите законски рокови се пробиени и затоа нас единствено ни останува да одиме на протест.

Селото Климештани е покриено од прашина, а минирањето ни ги оштетува куќите.

Земјоделските насади ни се загрозени како и водоснабдувањето.

Немаме време да чекаме на милост или немилост од одговорните.

ГИ ЗЕМАМЕ РАБОТИТЕ ВО СВОИ РАЦЕ.

Приклучете ни се!

Сабота во 11 часот, Климештани на сред село.“ – стои во соопштението од група жители од с.Климештани, организатори на овој протест.