26/11/2024
Охрид

Најавена радосната вест за Воскресението Христово

Православните христијани од целиот свет го слават Христовото Воскресение, ден кој што е еден од најголемите христијански празници.

Илјадници граѓани, гости и туристи вечерва во сите цркви во Охрид дојдоа да ги слушнат звуците на камбаните кои на полноќ го означија Христовото Воскресение – Велигден.

Така беше и во Црквата Св.Никола Долна Влашка Маала, каде што река од православни верници, го дочекаа Христовото Воскресение и со запалени свеќи во рацете, со молитви за здравје и благосостојба, со кршење на велигденските јајца и секако со поздравот Христос Воскресе, Навистина Воскресе.

Денес ќе се служи литургија во црквите „Св. Богородица“ – Каменско, и „Св. Ѓорѓи“ Охрид, со почеток во 8:00 часот.

Исто така ќе се служи вечерна Архиерејска богослужба, Второ Воскресение со читање на светото Евангелие на повеќе странски јазици и делење на велигденски јајца, едноцрквие во црквата „Св.Софија“- Охрид, со почеток во 17:00 часот.

За многу години нека ни е празникот! Христос Воскресе, Навистина Воскресе!

WebOhrid