Најавената трка на келнери е поместена за во петок
Од Локалната самоуправа информираа дека поради лошите временски услови, највената Трка на келнерите е поместена за петок, 19-ти јануари, со почеток во 19:00 часот.
Основната идеја е да се организира трка на најбрзите и најдобрите келнери од охридските кафе барови, ресторани и хотели. Ќе се трча на потегот од пред Mr.I до кружниот тек во центарот на градот.
За забавата вечерта ќе се погрижат групата „Камелеон“, заедно со Жармена и Китроз, по што ќе следува и настанот на вечерта, концертот на групата „Фолтин“.