Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Охрид
Во текот на вчерашниот ден, најмногу дожд до 16:00 часот наврна токму во Охрид, и тоа 22 литри на метар квадратен. Надлежните екипи беа на терен во текот на целиот ден.
Поради интензивните врнежи од дожд, градската мрежа тешко ја прифаќаше надојдената вода, па екипите на „Нискоградба“ реагираа соодветно на повеќе точки. Се санираше делот кај кафе барот „Аквариус“, се работеше и на Булеварот „Туристичка“ и на повеќе локации во градот.
За денес се очекува да наврнат над 25 литри на метар квадратен, а дежурните екипи ќе останат на терен.