25/11/2024
ОхридРеклами

Најповолни цени и супер награди: Уште десетина дена трае „Белата зима“ во салоните за мебел „Гир Риг“

Уште десетина дена трае акцијата „Бела зима“ во салоните за мебел „Гир Риг“, порачуваат од водечкиот продавач на мебел во регионот.

На сите свои купувачи и деловни партнери им ја честитаат Новата 2019-та година со желби за здравје, успех и среќа во деновите кои се пред нас.

Додаваат дека нудат цени, кои ги нема на ниту едно место на пазарот: плакар „Елза К-2“ за 5.661 денари, плакар „Елза К-3“ за 8.670 денари, претсобје „Хепи“ за 13.218 денари, Тв комода „Хепи“ за 3.774 денари и „Ципелар 120“ за само 3.990 денари. Сите со попуст од 15%.

No automatic alt text available.

– За најсреќна Нова година наградуваме. Со секоја сметка над 5.000 денари, учествувате во големата наградна игра на „Гир Риг“ во која добивате парче мебел по ваш избор од „Топ листата“ на „Гир Риг“. Извлекување пред празникот Водици, на 18-ти јануари. Повелете и искористете ги попустите и учествувајте во наградната игра „Бела зима“ во салоните за мебел „Гир Риг“ во Охрид и Битола.

Оваа година компанијата „Гир Риг“ го прослави 24. роденден. Започна со работа во далечната 1994. година, скромно и во салон на само 80 м2 и со неколку вработени.

– Со постојана грижа за купувачите, зголемување на асортиманот, успеавме да ја заслужиме нивната доверба што резултираше и со зголемен обем на работа и проширување на компанијата. Во 2004. година се преселивме во сопствени простории на преку 2.500 м2. Низ годините „Гир Риг“ прерасна во сериозна и општествено одговорна компанија, која е нераскинлив дел од животот на градот. Зад нас се години на посветеност, грижа за потрошувачите и продажба на најквалитетни производи. Во 2009. година компанијата отвори салон во Битола, каде по само две години, во 2011. година да бидеме прогласени за најпопуларен салон за мебел на територијата на Битола. Компанијата денес поседува модерен салон во Битола на преку 500 м2, информираат од „Гир Риг“.