Намален водотек на Црн Дрим – лоша слика за туристите во Струга
Нивото на реката Црн Дрим е намалено на оној дел којшто поминува низ Струга. За стружани, но и за туристите ова претставува неубава слика за сезоната која што веќе е започната.
„Не само што претставува неубава глетка, туку пречи и миризбата која што доаѓа од тињата. Сметам дека ова влијае врз туризмот, особено на оние кои имаат објекти и маси покрај Дримот“. – вели еден загрижен стружанец.
Затекнавме и еден пар како седи на маса… „Наместо да уживаме пред полн Дрим, сега седиме овде и гледаме во оваа тиња… Не го очекувавме ова, планиравме да јадеме овде, но сликата е очајна, а и лошо мириса.“
Ова повторно укажува на несоодветното регулирање на испустот на вода од Охридското Езеро во реката Црн Дрим. Пред 3 месеци, испустот беше максимален, а нивото на вода во Езерото никако не можеше да се намали.
WebOhrid