Наместо цртан, пуштен порно филм
Изминатата недела во една градинка во близина на градот Руен во Франција, по грешка на децата им бил пуштен филм со порнографска содржина.
Мислејќи дека им пуштила цртан филм кој претходно бил спуштен од интернет, воспитувачката излегла од просторијата за да се јави на телефон, при што ги оставила децата на возраст од 3 до 5 години, да гледаат порно филм.
Француските власти случајот го оцениле како „мошне непријатна случка“, наведувајќи дека воспитувачката кликнала на погрешен фајл и дека сфатила што направила по неколку минути, откако се вратила назад кај децата.
Случајот го пријавиле родителите, изјавувајќи дека неколку деца биле шокирани. На воспитувачката ќе и биде одредена дисциплинска мерка.