Наместо во изолација, Велгоштанка си се шетала во Охрид
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело за сторено „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.М.Ш.(40) од охридското село Велгошти, со привремено живеалиште во Охрид.
При контрола во нејзиниот дом, извршена на 11.08.2020 година, полициските службеници констатирале дека пријавената не се придржува до мерките за задолжителна изолација на што била обврзана согласно издаденото решение, по што била забележана во движење на улицата „Сирма Војвода“ во Охрид.