Наместо во самоизолација охриѓанец се степал со друго лице на „Туристичка“
Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според законските прописи за време на епидемија“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.М.(33) од Охрид.
Тој, на 08.07.2020 во 11.30 часот, непридржувајќи се до решението од Државниот здравствен и санитарен инспекторат со одредена мерка домашна самоизолација, самоиницијативно го напуштил својот дом во Охрид и на бул.„Туристичка“ предизвикал нарушување на јавниот ред и мир, со физички напад врз М.Л. од Охрид.