22/11/2024
Охрид

Нападнати вработени од Комуналец

Утрово околу 6:15 часот, двајца вработени во „Јавна Хигиена“, извршувајќи ги своите секојдневни работни обврски се нападнати од страна на две непознати лица. Едниот работник е нападнат на ул. „Никола Карев“ пред маркетот „Стоп Шоп“, а потоа насилниците бегајќи го пресретнале другиот работник кој ги празнел корпите за ситен отпад на ул. „Булевар Туристичка“, во близина на Гимназијата, па го нападнале и него. Вработените од силните удари се здобиле со тешки телесни повреди и веднаш се пренесени во Општа болница-Охрид, каде им е укажана лекарска помош.

Случајот е пријавен во СВР-Охрид и се очекува брзо пронаоѓање на насилниците и соодветни санкции.