23/11/2024
Македонија

Направено воздушно извидување на опожарените локации со цел насочено делување на сите расположливи капацитети

Првите луѓе на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, на Дирекцијата за заштита и спасување Беким Максути, на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов и генералот во АРМ Орце Јордев денеска во претпладневните часови извршија воздушно извидување на локациите на активните пожари низ државата со цел планско и насочено делување на сите расположливи капацитети.

Тие истовремено извршија увид во веќе договорените координирани дејствија на сите надлежни институции ангажирани во превенција, локализирање и гаснење на пожарите и санирање на последиците од нив. Овој вид на активности ќе продолжат со засилен интензитет и во наредниот период, со континуирано присуство на сите надлежни служби на терен.