Народниот театар Охрид вечерва ќе настапи на „Денови на комедија 2024“ во Куманово со претставата „Секс, лаги и љубомора“
Народен театар Охрид, вечерва (25.09.2024) настапува на театарскиот фестивал „Денови на комедија 2024“ во Куманово со претставата „Секс, лаги и љубомора“ во режија на Коле Ангеловски.
На фестивалот ќе бидат прикажани вкупно 11 претстави од 6 театри од Македонија и по една од Бугарија и Србија. Претставата започнува во 20:00 часот.
WebOhrid / 25.09.2024 / НУ Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид