Нарушен јавен ред и мир на улицата „Дејан Војвода“ во Охрид
На 12.02.2021 година во 13,15 часот, пред деловен објект лоциран на улицата „Дејан Војвода“ во Охрид, В.Г.(75) од Охрид го нарушил јавниот ред и мир со викање и непристојно однесување кон работникот на обезбедување, а потоа и кон полициските службеници кои биле повикани и пристигнале на местото на нарушувањето. Против нарушителот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.