Нарушен јавен ред и мир на улицата „Ристо Крле“ во Струга
На 29.07.2019 година околу 17 часот, на улицата „Ристо Крле“ во Струга нарушен е јавниот ред и мир со напад врз службено лице при вршење службени дејства. Притоа, приведени се А.К.(38), Д.К.(35), двајцата од струшкото село Џепин како и Л.Б.(29) од Струга. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.