Нарушен јавен ред и мир со физички напад на бул.„Туристичка“ во Охрид
На 08.07.2020 околу 11.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на бул.„Туристичка“ во Охрид бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од К.М.(33) врз М.Л.(23), двајцата од Охрид. К.М., иако имал решение од Државниот здравствен инспекторат за одредена мерка „изолација“, го напуштил својот дом и управувал патничко возило по бул.„Туристичка“, со кое му го блокирал патот на М.Л., по што физички го нападнал. По целосно документирање на случајот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.