Нарушен јавниот ред и мир во близина на пекара на „Македонски просветители“ во Охрид
На 03.10.2020 година околу 02 часот, во близина на пекара лоцирана на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Љ.Б.(21) врз Д.Т.(36), двајцата од Охрид.
Напаѓачот е приведен во полициска станица и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.