23/11/2024
Струга

Нарушен јавниот ред и мир во угостителски објект и ул „Пролетерски Бригади“ во Струга

На 11.08.2019 околу 05 часот, во угостителски објект лоциран на градскиот пазар во Струга, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од две лица врз С.Џ.(46) од струшкото село Мислодежда. Се работи на расчистување на случајот.

На 10.08.2019 год во 00:30 часот на улицата „Пролетерски Бригади“ во Струга, нарушен е јавниот ред и мир со карање, викање и сериозни закани упатени од А.М(21) кон А.И., негова невенчана сопруга. Против сторителот, согласно одредбите од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, ќе биде поднесена соодветна пријава.