26/11/2024
Македонија

Насоки во врска со примената на Законот за данок на личен доход

ЗАКОНСКА ОСНОВА

Oд 1 јануари 2019 година започнува да се применува Законот за данок на личен доход објавен во Службен весник на РМ бр. 241/18 од 26.12.2018 година. Со овој закон се уредува оданочувањето на личниот доход на физичките лица, обврзникот за плаќање на данокот на личен доход, даночната основа за пресметување на данокот на личен доход, даночните стапки, роковите за плаќање на данокот на личен доход, како и други прашања кои се значајни за утврдување и плаќање на данокот на личен доход.

ВИДОВИ НА ДОХОД

Со Законот за данок на личен доход извршена е поделба на доходот на следните видови на доход остварени во земјата и во странство:

  1. доход од работа;
  2.  доход од самостојна дејност;
  3. доход од авторски и сродни права;
  4. доход од продажба на сопствени земјоделски производи;
  5. доход од права од индустриска сопственост;
  6. доход од закуп и подзакуп;
  7. доход од капитал;
  8. капитални добивки;
  9. добивки од игри на среќа;
  10. доход од осигурување и
  11. друг доход.

СТАПКИ НА ДАНОК НА ДОХОД

Данокот на доход, за доходот од работа, доходот од самостојна дејност, доходот од авторски и сродни права и доходот од продажба на сопствени земјоделски производи, СЕ ПЛАЌА ПО ПРОГРЕСИВНИ СТАПКИ и тоа:

На годишна даночна основа Стапка на данок на личен доход
 До 1.080.000 денари  10%
 од 1.080.001 денари  108.000 + 18% на делот од доходот над 1.080.000 денари
   

Данокот на доход, за доходот од права од индустриска сопственост, доходот од закуп и подзакуп, доходот од капитал, капиталните добивки, добивките од игри на среќа, доходот од осигурување и друг доход, СЕ ПЛАЌА ПО ЕДИНСТВЕНА СТАПКА ОД 15%.

АКОНТАЦИЈА НА ДАНОКОТ ПО ОДБИВКА ОД ИСПЛАТУВАЧ

Аконтацијата на данокот на доход се плаќа по одбивка, при секоја исплата на следните видови доход:

ВИД НА ДОХОД Месечна даночна основа Стапка на данок
– доход од работа
– доход од авторски и сродни права
– доходот од продажба на сопствени земјоделски производи (ако исплатувачот на доходот води деловни книги)
 до 90.000 денари  10%
 од 90.001 денари  9.000 денари + 18% на делот од доходот над 90.000 денари
доход од закуп, ако исплатувачот на доходот води деловни книги    15%
доход од права од индустриска сопственост   15%
доход од капитал, освен доходот од камати од депозити   15%
добивки од игри на среќа   15%
доход од осигурување   15%
друг доход, ако исплатувачот на доходот води деловни книги   15%

АКОНТАЦИЈА НА ДАНОКОТ ШТО ЈА ПРЕСМЕТУВА ОБВРЗНИКОТ – ФИЗИЧКО ЛИЦЕ

Во текот на годината обврзникот пресметува и плаќа аконтација на данокот на доход за следните видови на остварен доход:

ВИД НА ДОХОД Стапка на данок
Доход од закуп и подзакуп, остварен од издавање на:
– физички лица,
– физички лица кои остваруваат доход од самостојна дејност, а данокот го плаќаат според паушално утврден нето-доход, 
– дипломатски, односно конзуларни претставништва на странски држави и меѓународни организации, во случаи кога обврзникот остварува бруто-доход
 15%
Капитални добивки  15%
Доход остварен од странство, освен за доходот од работа и доходот од авторски и други сродни права остварени во странство  15%
Друг доход 15%

ВИД НА ДОХОД Месечна даночна основа Стапка на данок
Доход од работа во дипломатски, односно конзуларни претставништва на странски држави и меѓународни организации, кај претставници и службеници на такви претставништва кои имаат дипломатски имунитет за кои обврзникот сам го утврдува и уплатува данокот
Доход од продажба на сопствени земјоделски производи на физички лица надвор од продажни места на зелени пазари
Доход остварен од повремено или привремено вршење услуги на физички лица
Доходот од работа и доходот од авторски и други сродни права остварени во странство
до 90.000 денари 10%
од 90.001 денари 9.000 денари + 18% на делот од доходот над 90.000 денари

ВАЖНИ НАПОМЕНИ

Аконтациите на данокот на доход по одбивка СЕ ПРЕСМЕТУВААТ И ПЛАЌААТ СПОРЕД СТАПКАТА ШТО ВАЖИ НА ДЕНОТ НА ИСПЛАТАТА НА ДОХОДОТ, освен данокот на доход по основ на плата, надоместок на плата, пензија и исплата по основ на деловна успешност на работодавачот кој ќе СЕ ПРЕСМЕТУВА И ПЛАЌА СПОРЕД СТАПКАТА И ДАНОЧНОТО НАМАЛУВАЊЕ ШТО ВАЖАТ ЗА МЕСЕЦОТ ЗА КОЈ СЕ ПРЕСМЕТУВА И ИСПЛАТУВА ПЛАТАТА, НАДОМЕСТОК НА ПЛАТА, ПЕНЗИЈА И ИСПЛАТА ПО ОСНОВ НА ДЕЛОВНА УСПЕШНОСТ НА РАБОТОДАВАЧОТ.

Аконтациите на данокот на доход по одбивка за платата за месец декември 2018 година се пресметува и плаќа по стапка од 10 проценти (без примена на прогресивното оданочување) и личното ослободување кое важи за 2018 година.
Системот е-Персонален данок е соодветно прилагоден согласно новиот Закон за данок на личен доход и ќе започне со примена на 03.01.2019 година.

Започнатите постапки до денот на започнување на примената на овој закон ќе завршат согласно Законот за персоналниот данок на доход („Службен весник на Република Македонија‘‘ број 80/93, 70/94, 71/96, 28/97, 8/01, 50/01, 52/01, 2/02, 44/02, 96/04, 120/05, 52/06, 139/06, 160/07, 159/08, 20/09, 139/09, 171/10, 135/11, 166/12, 187/13, 13/14, 116/15, 129/15, 199/15, 23/16 и 190/17).

Со денот на започнувањето на примената на овој закон престанува да важи Законот за персоналниот данок на доход („Службен весник на Република Македонија‘‘ број 80/93, 70/94, 71/96, 28/97, 8/01, 50/01, 52/01, 2/02, 44/02, 96/04, 120/05, 52/06, 139/06, 160/07,159/08, 20/09, 139/09, 171/10, 135/11, 166/12, 187/13, 13/14, 116/15, 129/15, 199/15, 23/16 и 190/17).