Наставници и ученици од ОШ „Владислав Петковиќ Дис“ во работна посета на ООУ „Живко Чинго“ Велгошти
Денес во ООУ „Живко Чинго“ – Велгошти пристигнаа наставници и ученици од збратименото училиште ОШ „Владислав Петковиќ Дис“, Заблаче (Чачак) Србија. Срдечно добредојде им посакаа директоркaта Љубица Ангелоска Кркачоска, почесниот конзул на Р. Србија во Македонија со седиште во Охрид Михајло Филев, учениците, родителите и сите вработени во училиштето.
Во наредните денови ќе се организираат заеднички активности, со цел размена на искуства, идеи и понатамошна соработка.
WebOhrid / 16.09.2024 / ООУ „Живко Чинго“ Велгошти