Настоска-Николоска: Гарантираме реализација на проекти во населба Радојца Новичиќ – Црногорци
„Уредување на коритото на р. Сушица, промена на азбестните водоводни цевки, асфалтирање улици и изградба на детски игралишта во Радојца Новичиќ – Црногорци.“ – истакна Александра Настоска-Николоска, кандидат за член на Советот на Општина Охрид од ВМРО-ДПМНЕ.
„Проекти за кои гарантираме реализација во населба Радојца Новичиќ:
Партерно уредување на коритото на река Сушица.
Идејно и целосно уредување на просторот кај Касарната.
Промена на азбестни водоводни цевки со нови на улиците „6 Бригада“ и „130“.
Асфалтирање на краци на улиците „Радојца Новичиќ“, „28 Април“, „130“ и „Петрино“. Изградба и доизградба на тротоарите на „Радојца Новичиќ“.
Поставување забавувачи на улиците.
Поставување автобуски постојки и информативни табли со возен ред.
Изградба и реконструкција на детски современи игралишта. Уредување на фудбалското игралиште во Kасарната и инвестиции во спортот.
Заокружи 7 за Промени, Проекти, Победи!
7 за Д-р Кирил Пецаков и ново советничко мнозинство од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“!“ – истакна Настоска-Николоска.