Настоска-Николоска: Охрид и Лакочереј заслужуваат подобра иднина и проекти во интерес на сите
„Во Лакочереј реконструкција на Училиштето, санација на Домот, детски игралишта, асфалтирање улици, канализационен систем – проекти за сите.“ – истакна Александра Настоска-Николоска, кандидат за член на Советот на Општина Охрид од ВМРО-ДПМНЕ.
„Охрид и Лакочереј заслужуваат подобра иднина и проекти во интерес на сите.
За таа цел гарантираме:
Изградба и доизградба на канализационен систем во Долно и Горно Лакочереј.
Асфалтирање на главни и споредни улици и проширување на дел од нив. Одржувањето на улиците во Долно и Горно Лакочереј има да биде наша континуирана задача и обврска.
Изградба и реконструкција на детски современи игралишта во Долно и Горно Лакочереј.
За Долно Лакочереј се обврзуваме на реконструкција на ПОУ „Кочо Рацин“.
За Горно Лакочереј гарантираме Санација на Домот.
Заокружи 7 за Промени, Проекти, Победи!
7 за Д-р Кирил Пецаков и ново советничко мнозинство од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“!“ – истакна Настоска-Николоска.