23/11/2024
Охрид

Настоска – Николоска: Охрид мора да има информатичко-технолошка зона и да биде пример за дигитална општина

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид денес одржа прес-конференција на која говореше Александра Настоска-Николоска, кандидат за член на Советот на Општина Охрид.

Охрид мора да има информатичко-технолошка зона и мора да биде пример за дигитална општина. Општина во функција на подобрување на квалитетот, достапноста и брзината на услугите во интерес на граѓаните.

Гарантираме ОТВОРАЊЕ ИНФОРМАТИЧКО-ТЕХНОЛОШКА ЗОНА која нуди субвенции, бесплатни канцеларии за поединци и компании наменети за ИТ Секторот. Во рамките на зоната се планира формирање на центар и простории за старт-ап компании. Со понатамошна нејзина промоција ќе се поттикне привлекување на големи странски компании од областа на ИТ Секторот.

Општина Охрид мора да прерасне во ИНФОРМАТИЧКО-ТЕХНОЛОШКА ОПШТИНА достапна за сите, во секое време. За таа цел предвидуваме основање општински инвестиционен фонд за компании, којшто ќе помага и ќе поддржува развој на иновативни проекти, кои се во насока на зајакнување на локалната економија, со акцент на иновативни технологии и иновативни старт-ап компании.

Гарантираме ДИГИТАЛИЗАЦИЈА – SMART CITY.

Една од најважните заложби е дигиталната трансформација на Општина Охрид преку поставување на бесплатен ви-фи интернет на повеќе локации во градот, просторно уредуваање на „ИНФО“ биро на влезот на градот Охрид, со поставување бесплатен ви-фи интернет.

Се обврзуваме да го воведеме концептот – ПАМЕТЕН ГРАД (SMART CITY) преку развивање софтвери за поефикасно функционирање на општината. Во таа насока има да обезбедиме унифициран софтвер за концептот – паметен град.

Предвидуваме и воведување УНИФИЦИРАН ЕЛЕКТРОНСКИ ПОДАТОЧЕН СИСТЕМ (open data system) за управување и следење на документи од страна на надлежните и граѓаните кој ќе овозможи потранспарентен пристап на следење на секој документ што влегува во општинската архива и секој граѓанин ќе има увид кој документ, до која фаза и кај кој вработен се наоѓа.

Заокружи 7 за ИНФОРМАТИЧКО-ТЕХНОЛОШКА ЗОНА!

7 за УНИФИЦИРАН ЕЛЕКТРОНСКИ ПОДАТОЧЕН СИСТЕМ!

7 за Д-р Кирил Пецаков и победничкото мнозинство во Советот на Коалицијата „Обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ“, истакна Настоска-Николоска.