Наумоски: Најголема одговорност за ова што се случува во РМ, им припаѓа на Заев и Мицкоски и нивните политички партии
Повод: хаотичната политичка криза во Македонија која не e во интерес за:
– граѓаните од Република Македонија независно од нивната национална или етничка припадност
– Република Македонија е мала балканска држава од 26 000 km2 со 2 милиони жители
– според последниот попис околу 70 % од населението се Македонци, останатото население е составено од другите националности
– одговорноста за националната стабилност, економскиот развој, еколошката заштита им припаѓа на македонските политички партии
Правата на малцинствата во Република Македонија споредени со другите држави во Балканот и Европа се многу подемократски со многу пошироки овластувања. Од политички аспект во Р.Македонија како поголеми македонски политички партии се ВМРО ДПМНЕ и СДСМ.
Сите оние држави од Балканот кои беа производ од распадот на Југославија, а нивните национални политички партии се залагаа за заеднички национални интереси станаа економски моќни и стабилни држави а воедно и членки на Европската Унија и НАТО.
Почитуван Христијан Мицкоски, како претседател на Македонската национална партија ВМРО ДПМНЕ
Почитуван Зоран Заев како претседател на СДСМ
Најголемата одговорност за ова што се случува во Република Македонија, сега и што ќе биде во иднина со Р.Македонија токму Ви припаѓа на Вас и вашите политички партии. Седните заеднички, оставете го минатото, размислете за иднината за Република Македонија и нејзините граѓани.
Тргнете по патот што го направија политичките партии од Словенија и Хрватска кои станаа членки на ЕУ и НАТО.
Секогаш кога е во прашање националниот интерес на Македонија мора да сте единствени и меѓусебно да се поддржувате како македонски партии.
Вашиот натпревар во интерес на Македонија и нејзините граѓани да биде во полето на:
– економскиот развој
– туристичкиот развој
– еколошката заштита
Ова е патот по кој треба да се движи Република Македонија заедно со нејзините политичари и граѓаните, и за што пократок временски период излезе од политичката криза и стане членка на ЕУ и НАТО.
Со почит,
Наумоски Лазо, дипл. инж. агроном, експерт по аграр и екологија и независен екологист од Охрид
*Ставовите во категоријата Писма/Колумни се лични ставови на авторите, за кои редакцијата на WebOhrid не сноси никаква одговорност.