„Не фрлај, не загадувај! Немаш изговор!”- општина Дебрца се справува со дивите депонии
Со денешниот ден и официјално започна пролетното чистење на општина Дебрца, кое континуирано ќе се спроведува во наредните месеци, се со цел чиста и зелена општина.
Сите овие еколошки активности ќе бидат под мотото: „Не фрлај, не загадувај! Немаш изговор!”
„Почнавме со чистење на дивата депонија покрај патот село Издеглавје – село Оздолени.Изразувам голема благодарност до фирмата ЗК “Агро Михајло”, сопственост на Паско Тодороски, која како општествено одговорна фирма го помогна чистењето на депонијата. Апелирам, сите да бидеме општествено одговорни и совесни граѓани и да не го загадуваме она што природата ни го дарила.“- вели градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески.