„Не користи мобилен телефон додека возиш“ – превентивна активност на СВР Охрид
На 22.02.2025, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид во соработка со Полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Охрид спроведоа превентивно – едукативна кампања „Не користи мобилен телефон додека возиш“.
На повеќе пунктови во Охрид, полициските службеници остварија непосредна комуникација со возачите на моторни возила и им укажуваа дека користењето мобилен телефон при управување со возило може да биде опасно како за нивната, тка и за безбедноста на другите учесници во сообрачајот.
Полициските службеници посочија дека користењето мобилни телефони во текот на возењето го одвлекува вниманието, се намалува внимателноста кон состојбите на патиштата и се зголемува ризикот од сообраќајни незгоди.
Целта на кампањата е јакнење на сообраќајната култура, свеста и совеста кај возачите за активен придонес во зголемувањето на безбедност во сообраќајот на патиштата.
На возачите им беа поделени летоци со едукативни совети и насоки.
WebOhrid / 23.02.2025 / СВР Охрид