26/11/2024
Струга

Не постои поголемо задоволство од среќно и насмеано дете – 20 Ноември светски ден на детето

„Декларацијата за правата на детето“ беше објавена од Обединетите нации (ООН) на 20 ноември 1989 година. Секоја година, 20 ноември се слави како „Светски ден на правата на децата“ во светот и во Република Северна Македонија.

Ученици од основно училиште „Јахја Кемал“ во Струга (1, 2 и 3 година), го одбележаа 20 Ноември светскиот ден на детето. Тие ги испратија своите убави желби кон иднината со балони, придружени со песната „We’ve All Got Rights“.

„Децата се гаранција за нашата иднина, нашата радост за животот. Во името на учениците, управата и вработените на „Јахја Кемал“ Среќен 20 ноември Меѓународниот ден на детето.“ – велат од училиштето.