Недела на детски филмови во седум градови низ Македонија
Од денеска (2 октомври) до средината на овој месец во седум градови низ Македонија ќе бидат прикажани четири филмови за деца во рамките на проектот „Недела на детски филмови“ организиран од Асоцијацијата на филмски дистрибутери АФИДИ Битола. Филмовите се наменети за деца од 4 до 14 години. Дел се синхронизирани на македонски и на албански јазик, а дел се со превод на македонски јазик ..
Филмовите ќе се прикажуваат во: Гостивар, Куманово, Свети Николе, Гевгелија, Радовиш, Кавадарци и Демир Хисар.
Проектот е поддржан од Министерството за култура во рамките на манифестацијата „Нов културен бран“.