Недела на сите Светии – Си Свети
Православните христијани денеска го одбележуваат празникот посветен на Сите Светии, во народот познат како Сисвети.
Голем број верници од синоќа го посетуваат манастирот во селото Лешани, палат свеќи и се молат за здравје и среќа.
По повод празникот денес, со почеток во 9 часот ќе се служи света литургија. Исто така денес ќе бидат осветени и темелите на новиот монашки конак во манастирот „Сите Светии“ во Лешани.
Манастирот „Сите Светии“ кој се наоѓа во Лешани, во областа Долна Дебрца, Охридско е единствениот манастир во Македонија кој е посветен на сите светии.
За многу години!