Неизвесен откупот на доматите
Откупните пунктови во гевгелискиот регион за откуп на доматите овие денови се затворени.
Оваа информација до Националната федерација на фармерите е стигната од нивното членство од Гевгелија и Богданци, кое создава дополнителна грижа кај земјоделците дали доматите ќе бидат откупени. Од откупувачите им е укажано дека ќе бидат отворени откупните пунктови дури во вторник.
Поради намален извоз на доматите, нивната цена овој период рапидно падна и неделата што измина се движеше од 12 ден по кг, па падна на 10 ден по килограм.