Некои возат без светла дури и при пороен дожд и намалена видливост
Поројните дождови кои го зафатија Охрид, но и цела Македонија, деновиве претставуваат проблем и во сообраќајот. Најголема главоболка претставуваат оние возачи кои не ги вклучуваат светлата на своите автомобили додека возат, дури при невреме, па дури и по зајдисонце.
Почитувањето на правилата во сообраќајот бараат исклучително внимание секогаш, а камоли при отежнети услови.
Во прилог да погледнеме дел од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (Службен весник на РМ, бр.169 од 30.09.2015 година)
14. Употреба на светла во сообраќајот
Член 86
(1) Во сообраќај на пат, дење и ноќе, за време на управување со возилото, возачот на возилото задолжително треба да ги има запалено најмалку соборените светла за осветлување на патот.
…
(7) Мандатен платен налог со глоба во износ од 15 евра дење, 35 евра ноќе во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 15 негативни бода согласно со одредбите од овој закон, на возачот кој постапува спротивно на одредбите од ставот (1) на овој член.
Член 88
(1) Ноќе, како и дење во случај на намалена видливост, задолжително треба да носат запалени светла кога се движат по коловозот…
…
(3) Прекршочен платен налог со глоба во износ од 50 евра во денарската противвредност ќе му се издаде на лицето кое постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член.
WebOhrid