23/11/2024
Македонија

Нелоски: ВМРО-ДПМНЕ е секогаш спремно за избори, СДСМ мора да замине

Владимир Нелоски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вчера во гостување во Централниот дневник на 1ТВ истакна дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема партија во Република Македонија, секогаш е подготвена за избори, додавајќи дека бараат предвремени парламентарни избори заедно со претседателските избори бидејќи сметаат дека СДСМ повторно ќе изврши изборен фалсификат како на референдумот кога се случуваше неколку лица да гласаат за помалку од 5 секунди.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ повеќе од 1 година има ново раководство и нов начин на функционирање, нагласувајќи дека партијата има програма со која би можела да настапи на избори, а дел од програмата е претставена пред граѓаните на протесните маршови од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ веќе една година има ново раководство и нов начин на функционирање. Имаме програма, која дел е најавена на протесните маршови и на дел од собирите кои што ги правевме, вели Нелоски.